Англискиот премиерлигаш во следните два преодни рока, летниот и зимскиот, нема да може да купува засилувања на трансфер пазарот. Ова е одлука на ФИФА.
Светската фудбалска унија истражувала 100 случаеви на млади фудбалери чии договори со Челси се коселе со правилата на ФИФА. Суспензијата за клубот од Лондон доаѓа поради кршење на регулативите од членот 19 за меѓународни трансфери и регистрација на играчи под 18 години.
Казната ќе трае до летото 2020 година.
-Дисциплинската комисија на ФИФА го санкционира англискиот клуб Челси поради кршење на правилата за фудбалери до 18 години. На Челси му се забранува да регистрира нови играчи како странски така и домашни во следните два преодни рока- стои во соопштението на сајтот на ФИФА. „Сините“ се казнети и со 600.000 швајцарски франци и период од 90 дена да ја регулираат ситуацијата со малолетни фудбалери.
За очекување е клубот да поднесе жалба на оваа суспензија која доаѓа како капак на несогласувањата меѓу навивачите, играчите и тренерот Маурицио Сари. Во клубот нешто не штима откако претседателот Роман Абрамович пред извесно време ја напушти Велика Британија поради проблем со даночните обврзници.