На листата најсреќни земји на светот, Финска одново го зазеде првото место, додека во регионот највисокото место го држи Словенија која се наоѓа на 44.
Резултатите од истражувањето за нивото на среќа во светот се објавени на страницата “World Happines Report”, a зад Финска следуваат Данска, Норвешка, Исланд, Холандија, Швајцарија и Шведска.
Македонија се наоѓа на катастрофалното 84-то место според ова истражување.
Од земјите во регионот: Србија е на 70, Црна Гора на 73, Хрватска на 75, БиХ на 78, Грција на 82, а Албанија на 107.
Најлошо рангирани земји се Јужен Судан (156), Централна Африканска Република (155), Авганистан (154), Танзанија (153), Руанда (152) и Јемен (151).
Листата на најсреќни земји се прави врз основа на тоа колку граѓаните на една земја се задоволни.
Истражувањето го спроведува мрежата на ОН за одржливи развојни решенија во соработка со Фондацијата “Ернесто Или”.