Вечерва со почеток од 20:30 часот, ќе се одигра големото финале на Светиниколскиот турнир во мал фудбал 2015 година. Изминатите две недели најуспешни беа екипите на Дени Мебел и Мите Транс. Се очекува исполнета сала, одлична атмосфера и пред се супер фудбал.
Претходно од 18:30 часот ќе се одигра и натпреварот за третото место помеѓу екипите на Кабелнет и Автоконтрол.
Победникот на турнирот ќе освои 200 000 денари, второпласираниот 140 000, третопласираниот 80 000, а четвртопласираната екипа ќе си замине со награден фонд од 30 000 денари.
РЕЗУЛТАТИ ОД ПОЛУФИНАЛНИТЕ НАТПРЕВАРИ:
Дени Мебел – Кабелнет 2:0
Автоконтрол – Мите Транс 2:6