Филипче: Hие од СДCM ги пpeпознаваме виcтинcките пpoблеми и ги peшаваме

Овие средби не се почеток на кампања, овие средби се за да го слушнеме гласот на граѓаните, да видиме што мислите, да го споделиме информации, затоа што така сакаме да креираме и да ги водиме политиките, инклузивно, да слушнеме кои се проблемите и предизвиците со кои граѓаните се соочуваат и заедно да најдеме решенија, истакна во Охрид на трибината на СДСМ под мотото „Најдоброто за нашата општина“, потпретседателот на СДСМ Венко Филипче.

Тој истакна дека вака инклузивно СДСМ ги води политиките во здравството, со граѓанските здруженија за ретки болести, со здруженијата на пациентите, млади специјализанти, студенти по медицина, лекарската комора, со сите што знаат ги знаат проблемите и знаат како да се решат.

-Минатата година се соочивме во криза, која никој никаде во светот не ја очекувал ниту знаеше како да ја менаџира, но со тимска и пожртвувана работа, како одговорна и транспарентна власт не дозволивме ниту еден пациент да остане без соодветно болничко лекување, истакна Филипче.

Тој нагласи дека се зголемија платите на лекарите специјалисти од 60.000 на -85. До 160.000, на медицинските сестри од 19.000 и 25.000 на 25.000 и 33.000, , дадовме 5000 согласности за вработувања за 3 години не оставивме млад лекар да си оди од државата.

-Вака ги креираме политиките, ги препознаваме вистинските проблеми ги решаваме напластените проблеми, истакна во Охрид на трибината на СДСМ под мотото „Најдоброто за нашата општина“, потпретседателот на СДСМ, Венко Филипче.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.