Фејсбук статус на Македонка која го избегнала нападот на аеродромот во Флорида

15941972_10209779159170113_1931265393_n

Војдана Талигоска, битолчанка, омажена за прилепчанецот Љубен Талигоски, имала среќа да го избегне нападот на аеродромот Форт Лаудердале – Холивуд на Флорида.

  • “Оваа трагедија се случи пред да започнам со работа денес. Имав среќа да бидам дома со семејството, додека другите не беа. Се молам за сите таму денес! Се надевам дека сите мои колеги се добри”, напиша Војдана Талигоска на својот Фејсбук профил.

Имено на аеродромот на Флорида се одвивала вистинска крвава драма вечерва, при што   најмалку пет лица се убиени, а осум се ранети во пукање.

Осомничениот напаѓач е задржан во притвор, јавуваат агенциите.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.