Фејсбук масовно ги бриши профилите на своите корисници и не дозволува повторно да се активираат, а никој не знае зошто, пишува “The Independent”.
Изгледа дека проблемот е во инфраструктурата на Фејсбук, бидеќи наводно некои нејзини клучни сегменти се расипани.
Некои корисници добивале многу чудни предупредувања во форма на нотификации, а изгледале како Фејсбук да им ги брише профилите и пораките, бидеќи ги третира како “spam”. Другата група корисници се пожалиле дека воопшто не може да ги вклучат своите профили и дека страната автоматски ги враќа на “login screen”.
Ф.Г.