ФБ статус на годината: “Имаме заедничка историја со Абориџините од Австралија и Бабуните од Конго”

Фејсбук статус на Раде Иваноски од Прилеп

ЗАЕДНИЧКА ИСТОРИЈА

Не знам зошто некои не сакаат да прифатат дека имаме заедничка историја и како нација и како поединци.
Како нација имаме заедничка историја со Абориџините од Австралија. Одиме голи, боси, едвај преживуваме со храна ама многу вешто ги пренесуваме традициите од колено на колено.

Како нација имае заедничка историја со Бабуните од Конго. Цело време се чукаме по градите, врескаме нешто неразбилливо и на крајот со прстот чепкаме по носот.

Како поединци имаме заедничка историја со партнерот. Жената зборува на еден јазик, мажот на друг, ама некако се разбираат. Додуша понекогаш им треба медијатор или странски посредник (комшија или комшивка). Ако немаме заедничка историја тогаш сме сами, осамени и ке бидеме како паднати од Марс.

Хм..ако помислам малку, можно е да сме паднати од Марс, којзнае!!!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.