ФБ статус на годината во Прилеп: “Ниту свадба е, ни крштевка е, cиромаштија пуста навасала од вашите мерки ефектни” (Фото)

Владините ваучери денеска направија огромни гужви пред банките во Прилеп

На мал простор огромни редици на граѓани чекаа да дојдат до банкарските шалтери за да подигнат ваучер во текот на целиот ден.

Министрите заедно со градоначалникот Илија Јованоски истакнаа дека за пофалба е тоа што Прилеп успеал да го избегне така наречениот втор бран на кopoнавиpycoт.

Граѓаните на социјалните мрежи коментираат дека властите требаше да изнајдат поинаков начин на достава на ваучерите. На ваков начин не се почитуваат препораките кои Владата самата ги носи и постои опасност од ново ширење на виpycoт во Прилеп.

Прилепчанецот Димитар Јованоски на својот Фејсбук профил напиша:

“Петок 16 часот 40° време спарно тешко се дише, пандемија Корона. Слободна проценка повеќе од 500 луѓе. Плочникот исполнет како око.

Свадба ли е , крштевка ли е. 500 Евра плата. Богат народ, економојата цвета. Блескаме.

Ооо не е. Ниту свадба е ни крштевка е. Сиромаштија пуста навасала од вашите мерки ефектни. За БОНОВЕТЕ од 3000 денари народ ако треба и ќе yмpe и Кopoна ќе yбие, со заби жива ќе ја јаде ама колку може БОН да земе. На следните избори и за 300 денари тројно ќе има само продолжете вака.

Народот е крив разбира се. Не почитува мерки. Вие многу паметно постапувате. Госпоѓице Нина овие сите се редат пари да ти донираат за со твоите што те ставија да си ги поделите!”

Денеска во посета на Прилеп беа и техничкиот премиер Оливер Спасовски, министерот за здравство Венко Филипче и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.