Напаѓачот на Челзи, Диего Коста е казнет со три натпревари суспензија заради насилоното однесување на мечот со Арсенал.
ФА соопшти дека после прегледувањето на снимките се одлучилe на ваков чекор иако за време на натпреварот со Арсенал, Коста не доби црвен картон туку само жолт, а по негова вина беше исклучен противничкиот играч Габриел Паулиста.
– Фудбалската асоцијација го казни Диего Коста заради насилничко однесување коешто судијата не го забележа во текот на мечот. Напаѓачот на Челзи заради ова ќе отслужи стандардна казна од три меча суспензија, се вели во соопштението од ФА.
Претходно ФА го укина црвениот картон на Габриел Паулиста. Челзи го доби мечот со Арсенал 2:0.