На 05.12.2022 на ул.„Орде Тутески“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода К.Ш.(29) од Прилеп.
Тој бил фатен веднаш по извршување „тешка кражба“ од возило „опел астра“, сопственост на Г.М.(46) од Прилеп, паркирано на ул.„Илија Василески“, при што одзел повеќе предмети.
Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицето било приведено во полициска станица.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава – стои во соопштението од ОВР Прилеп.