Фатено младо момче од Битола: Провалил и ограбил куќа

Вчера, 10.11.2023, полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола го лишиле од слобода А.П.(21) од Битола.

Тој се сомничи дека од куќа во Битола одзел повеќе предмети.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени украдените предмети кои ќе бидат вратени на сопственикот, а по целосно документирање на случајот, против А.П. ќе биде поднесена соодветна пријава.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.