Фани Каранфиловска од СОРОС со 3.400 евра месечни примања или 10 просечни плати

Претседателката на „Сорос”, Фани Каранфиловска, од Фондацијата СОРОС Македонија за 2014-та година зела бруто износ од 2.030,118 денари. Оваа сума е по основ на плати и дополнителни надоместоци.

1

Според оваа сума, Каранфиловска на месечно ниво добива приходи од 169.000 денари или околу 2.750 евра плата. Во 2015та година таа си ги зголемила приходите и инкасирала 2.503,145 денари што е 3 400 евра месечно, или за две години заработила 4.533,263 денари, односно фантастични 73.000 евра.

Она што просечниот македонски граѓанин го заработува за 10 месеци, Фани го заработува за еден месец.

Фронтменот на „Сорос” во Македонија, Владимир Милчин, во 2014-та година од Фондацијата по основ на лични примања уредени со договор, примил бруто 2.693,207 денари или близу 44.000 евра, и тоа за само една година. Месечно тој добивал по 3.600 евра.

На платниот список на „Сорос” е и Споменка Лазаревска, сопруга на петтоосомничениот во случајот „Пуч”, Ѓорѓи Лазаревски. Таа во 2014-та година од Фондацијата примала бруто приходи во висина од 2.468,578 денари, а во наредната, 2015-та година, дополнителни 2.604,900 денари. Поточно, за само две години заработила неверојатни 5.073,478 денари или околу 82.495 евра.

Практично на платниот список на оваа пара организација, која дејствува како политички субјект, е сопругата на еден од осомниените во најголемата афера во последниве 25 години, во која насилно се руши легитимно избрана влада на државата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.