После оној во Пожега, кога едно лице го запали својот автомобил кој наводно не поминал на технички преглед, а подоцна се бранел дека палењето било случајно, нов случај на спалување на автомобил од страна на сопственикот е споделен на социјалните мрежи.
“Овој автомобил јас и мојата девојка го купивме, не е некој посебен, го одржувавме… е сега тој автомобил има 22 години и е малку раскапан. Не помина технички преглед за жал. Ме советуваа да го поправам, а мене тоа ќе ме чини дополнителни 250 евра и 300 евра за регистрација”, објаснува актерот на видеото.
“Па, така решивме да го запалиме овој автомобил”, вели тој.
Објаснува дека тој и неговата девојка завршиле факултет, дошле да живеат на село, вложиле во земјоделство, а не во автомобил.
“Фала ти Србијо”, вели момчето додека го полива автомобилот со бензин.
Погледнете го видеото: