Македонската ракометна репрезентација за жак забележа два порази на Европското првенство, а настапот ќе го заврши со натпревар против Данска.
И во салата во Дебрецин забележително беше големо присуство на македонски навивачи – популарната фаланга, кои до последна минута ги бодреа нашите момци.
За одбележување е моментот пред вчерашниот натпревар со Црна Гора, кога од сите звучници во салата грмеше нашата најпозната навивачка песна “Излези момче”.
Се надеваме дека ова е дело на лобирањето на нашата дијаспора во Унгарија.