“Кога им бевме ветар во грб и гради, тие стигнаа до најголемиот историски успех за ракометот, а сега некои од нив ни враќаат вака?”.
Ова е само еден од коментарите на социјалните мрежи, барем од оние попристојните, откако јавноста го виде поранешниот репрезентативец Наумче Мојсоски како агитира низ Прилеп за гласање на престојниот референдум.
До него е и Гоце Макалоски исто така поранешен репрезентативец и докажан ракометар, но се чини со оваа фотографија загубија голем дел од поддршката кај македонската фаланга.
Тие се бореа за македонска репрезентација на Република Македонија, а сега се залагаат за репрезентација на Сверна Македонија?!