“Фактор”: Полицискиот час се укинува, границите се отвораат на 1 јуни

Порталот “ФАКТОР” од извор од Комисијата за зapaзни болecти дознава дека границите на Македонија ќе се отворат на 1 јуни, а полицискиот час ќе се укине.

Ова се сугестиите кои Комисијата ќе ги поднесе до Владата, кои се разбира ќе треба да бидат прифатени на владина седница, па потоа да почнат да се применуваат.

За денеска нема закажана владина седница, но според порталот не се исклучува истата да биде одржана.

Полицискиот час во државава засега останува од 19 часот до 05 часот наутро.

Изворот од Комисијата за “ФАКТОР” вели дека полицискиот час секако нема ефект, затоа што граѓаните не се придржувале.

Исто така порталот дознава дека препораката е кафулињата и рестораните да се отворат од четврток.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.