Уaпceни шестмина прилепчани за извршени 87 кpaжби: Укpaле предмети во вредност над 1,5 милиони денари

СВР Битола поднесе кривична пријава против С.А.(33), Ф.Е.(40), Џ.А.(30), Е.Б.(33), Е.А.(26) и Ф.Ќ.(39), сите од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторени 87 кривични дела „тешка кражба“, „кражба“ и „прикривање“.

Пријавените, во периодот од април 2021 до февруари 2022 година, на подрачјето на Битола и селата Путурус, Црнобуки, Вашарејца, Добрушево, Радобор, Трап со употреба на погоден предмет и физичка сила, извршиле тешки кражби, тешки кражби во обид и кражби во куќи, викендици, стопански дворови, цркви, манастири, магацини, базни станици, при што одзеле разни предмети и се стекнале со противправна имотна корист од 1.524.400 денари.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.