Родителите на поранешниот про-ЕУ премиер на Италија, Матео Ренци, се уапсени поради финансиски малверзации преку кои украле милиони евра – пишува италијанскиот “Koриере”.
Тизиано Ренци и Лаура Боволи се уапсени во нивната куќа оради прогласување на лажен банкрот во три фирми, после што ја испразниле касата и ги зеле парите за себе. Меѓу уапсените е и поранешниот шофер на Матео Ренци, но премиерот е и понатаму на слобода.
Родителите на Ренци моментално се во куќен притвор, а апсењето е спроведено по барање на финансиската полиција после собрани докази за лажен банкрот и фалсификување на фактури.
Илегално стекнатиот износ на пари изнесува високи 7 милиони евра.
За потсетување, левичарската про-европска влада на Матео Ренци доживеа тежок крах на изборите минатата година, а причината за тоа беше лошата економија и масовните миграции кои Ренци ги поддржа.
Поранешниот премиер се нема огласено за апсењето на неговите родители, а надлежните ја немаат коментирано неговата евентуална вмешаност во криминалните дејности на неговите родители.