Уште потпис остана: Јувентус добива бисер – аргентинското чудо од дете пристигна во Торино (ФОТО)

rodrigo-bentancur

Она што беше најавувано уште пред десет дена денеска би требало да биде и официјално. Младиот аргентиски играч од средниот ред, Родриго Бентанкур денеска пристигна во Торино на медицински прегледи, а ако биде се како што треба веднаш би требало и да потпише договор со Јувентус.

Италијанскиот шампион на тој начин ќе ја заврши работата 9,5 милиони евра, колку што и плати на Бока Јуниорс за 50 проценти од правата на играчот. Во игра се уште потенцијални два милиони на име бонус.

-Со Јувентус се е договорено. Се ќе биде јасно кога наскоро ќе дојдам во Торино на прегледи, изјави неодамна Бентанкур




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.