Мари Фредриксон, пејачката на славниот шведски поп-рок бенд „Роксет“ почина на 61-годишна возраст.
Како што пренесуваат странските медиуми, пејачката починала во понеделникот по долга и тешка болест.
„Со голема тага мора да ве информираме дека една од нашите најголеми и најомилени уметнички повеќе ја нема. Мари Фредриксон умре на 9 декември по долга болест“, напишало семејството во соопштението.
Мари, која зад себе ги остави сопругот и двете деца, претходно се лекуваше од тумор на мозокот.
Ќе остане запаметена по хитовите „It must have been love“, „Joyride“, „The look“, „Listen to your heart“ и други.