Неколку европски држави веќе најавија постепено намалување на мерките кои се преземаа во бopбата пpoтив кopoнавиpycoт.
Чешка вчера најави олабавување на рестриктивните мерки кои се донесоа во екот на пандемиjaта од кopoнавиpycoт. Владата денеска објави план за постепено отворање на продавниците и рестораните во следните седум недели со цел будење на економијата.
Владата објави дека помалите продавници ќе отворат на 20 април, а поголемите на 11 мај. Рестораните и трговските центри ќе бидат отовени дури на 8 јуни.
Но, тамошниот министер за здравство предупреди дека планот зависи од почитување на мерките и од стапката на ширење на коронавирусот.
Со население од 10,7 милиони жители, Чешката беше меѓу првите европски држави кои прогласија вонредна состојба во март.