Пулмологот Браним Несторовиќ откри дека заедно со најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ планираат да работат на апаратот кој научникот Никола Тесла го правел уште во 1906 година, а кој може да се користи во спортската медицина.
“Кога ќе помине оваа пандемиja ќе работиме на производство на домашен апарат на база на моделот од Тесла. Се собра група на необични луѓе, има и инженери и каков што е Новак, тој се понуди тоа да го финансира и да го подари на сите болници во Србија”, изјави Несторовиќ.
Несторовиќ како анегдота кажа дека го лечел Новак кога имал 11 години и дека уште од тогаш знаел дека ќе биде најдобриот тенисер во светот.
“Ми рече дека ќе биде најдобар во светот. Мислам дека тоа ми го кажа кога имаше 13 години. Ми рече толку убеден. Додов дома и реков “едно момче кое мој пациент рече дека ќе биде најдобар тенисер во светот, тоа звучеше толку реално”, додаде Несторовиќ.