Учителка ги освои cимпатиите шиpyм целиот cвет: Погледнете како им обjacнува анатомиja на своите ученици (ФОТО)

Учителка од Шпанија пронашла иновативен начин како да ги научи своите ученици анатомија така што се појавила во боди комбинезон кој покажува каде се наоѓаат органите.

Вероника Дјук (43) е учителка 15 години, а моментално предава на трето одделение. За време на лекцијата за човековото тело била посебно инспирирана, а идејата ја добила кога на интернет наишла на костум за капење.

„Знаејќи дека е тешко на малечки деца да им се визуализира положбата на внатрешните органи помислив дека е вредно да се обидам со тоа“, вели учителката.

Фотографиите од класот на Твитер ги споделил нејзиниот сопруг, и бргу станале вирални.

Гордиот сопруг, Мајк Моратинос, на Твитер напишал дека Вероника на учениците човековото тело им го објаснува на многу оригинален начин за што приложил фотографии кои добиле повеќе од 68 илјади лајкови.

Многумина на Твитер се полни со пофалби за учителката иако имало и поинакви коментари.

„Убаво, но во некои земји тоа би бил голем скандал“, е еден од коментарите.

Дјук во своето училиште е позната по тоа дека користи реквизити и костуми за да им помогне на учениците во учењето.

„Одамна одлучив да користам костуми и маски за лекции од историја. Би сакала општеството да престане на учителите да гледа како на мрзеливи бирократски јавни службеници. Ние не сме тоа“, вели Вероника.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.