Повеќе места во државата попладнево беа зафатени од невреме со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Гpaд имаше во светиниколското, кратковското, скопското, валандовското, велешкото и кавадаречкото подрачје.
Управата за хидрометеоролошки работи најавува и во вечерните часови наместа нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Преку ноќта се очекува стабилизирање на атмосферата над нашето подрачје.
Утре претпладне се очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност, додека попладне на повеќе места повторно ќе има нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилни врнежи, силен ветер и појава на град. Минималните температури ќе се движат од 12 до 19 степени, а максималните од 27 до 34 степени. УВ индексот ќе биде 7.