УХМР СО ВОНРЕДНА ПРОГНОЗА, следува голема промена: Утре и петок нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, утре во ноќните часови и во петок, на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град, соопшти УХМР.

-Утре ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од западен правец. Во ноќните часови и во петок на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град. Потоа за време на викендот ќе преовладува стабилно време, а во почетокот на следната седмица ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи – стои во соопштението од УХМР.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.