Времето утрово беше студено, а преку денот ќе се задржи сончево со слаб јужен ветер.
Утринската температура се движеше од минус 12 до минус 4, а дневната од 4 до 12 степени.
Од понеделник ќе има извесно зголемување на облачноста, а од вторник во северните и западните делови ќе има услови за локален дожд.
Дневната температура до среда ќе биде во пораст.
Во Прилеп утре температурата ќе се искачи до деветтиот степен, а вторник и среда до 11 степени целзиусови.
Врнежи од дожд се очекуваат во попладневните часови во среда и петок и сабота.