Утрово се рушеше дивоградба во Ѓорче Петров, градоначалникот порача: Нема заштитени! (ВИДЕО)

Законот мора да важи за сите, порача градоначалникот на општина Ѓорче Петров Александар Стојкоски кој сподели видео од рушење на дивоградба.

-Нема да дозволиме провлекување на поединци кои мислат дека се над законот. Денеска тоа го докажавме со отпочнување постапка за рушење дивоградба на државно земјиште. На странката и беше даден предвидениот рок да постапи, но истата ги игнорираше нашите предупредувања. Законската регулатива важи за сите исто. Нема заштитени или повластени кои си играат детски игри на сметка на сите нас, градејќи бесправно изградени објекти, без дозвола, порача тој.

Вели дека согласно законската регулатива, донеле Решение за отстранување на објектот и нема да отстапат од намерите правдата да биде задоволена и еднаква за сите.

-Доаѓаат нови, добри и праведни времиња. Завршија деновите на провлекување и “дупки во законот” за правните и физички лица по разни основи и непочитување на правото. Цврсто стоиме на ставот да се справиме со сите кои ќе намислат слично да постапуваат. Имајте во предвид дека никој нема да биде поштеден!, порача градоначалникот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.