“Утрово нема градски превоз?? И тоа се уништи?? Прилеп пропаѓа??”

Јавниот градски превоз во Прилеп е еден од проектите на претходната локална самоуправа кој е од витално значење за граѓаните.

Од 2014 година овој проект функционираше непречено и значително го олесни секојдневното движење на прилепчани, особено на пензионерите.

Се чини сега, по само дестина месеци откако новите локални власти стапија на функција, оваа услуга заминува во историјата?

Пензионерите деновиве се жалат на немањето редовни автобуски линиии, како и редовно доцнење на автобусите.

Општинските власти воведоа бесплатен градски превоз за пензионерите од 8 до 12 часот, иако ветувањето во предизборната кампања гласеше тоа да биде во текот на целиот ден.

Сепак, и покрај тоа што бесплатниот превоз беше бомбастично најавен како реализација на ветување, сега јавниот градски превоз речиси и го нема?

Претходната локална власт планираше набавка на додатни автобуси кои ќе сообраќаат до поголемите населени места, како и осовременување на автобуските постојки со електронски табли.

Се планираше и набавка на електрични мини буси за централното градско подрачје, кои би се користеле и за превоз на туристи до манастирите и локалитетите околу Прилеп.

Но, за оваа локална власт предводена од СДСМ и градоначалникот Илија Јованоски, се чини Јавниот градски превоз не е во преден план.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.