Најниска температута од -4 степени утрово е измерена во Берово и Битола, -2 во Тетово и Струмица, -1 во Скопје, Прилеп, Демир Капија и Гевгелија, а највисоки плус четири степени се регистрирани во Ѓуриште, соопшти УХМР.
Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 16 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Максималната температура ќе достигне до 13 степени.

























