Плеј-аут разигрувањето во ракометната Супер лига никогаш не било поинтересно и понеизвесно. Утре (сабота), 1. јуни се игра последното коло, а РК Прилеп и втората екипа Еурофарм Пелистер ќе одлучуваат за првото место.
И двете екипи влегуваат во последниот натпревар со ист број бодови – по 33. Прилепчани како своја предност ќе го имаат домашниот терен и сигурно полна сала во “Ристе Ристески – Ричко”.
Не постои простор за калкулации, па победата ќе биде императив за прилепчани. Не само да се обезбеди првото место и сигурен опстанок во елиатата, туку и поради опасноста Куманово да победи на гости кај Мулти Есенс и да им го загрози на прилепчани дури и второто место на табелата.
Натпреварот РК Прилеп – Еурофарм Пелистер 2 се игра со почеток од 16:00 часот.