Денеска во театарот „Војдан Чернодрински“ беше одржана прес конференција за премиерата на претставата „Глембаеви“ според драмата од Мирослав Крлежа, во режија на Бранко Брезовец.
На прес конференцијата зборуваа в.д. Директорот на Центарот Марија Спиркоска Илијеска, режисерот Бранко Брезовец и дел од актерите.
Беше посочено дека „Глембаеви“ едноставно не се реалност, туку фикција, евентуално равенство со компоненти на стварност, но со резултанти на фикција.
Во претставата играат Андон Јовамоски, Даниела Иваноска, Зоран Иваноски, Ангела Наумоска, Димитар Црцороски, Исидор Јованоски, Трајче Иваноски, Игор Трпчески и Ана Митоска Стојаноска.
Композитор е Никола Мицевски, сценографијата е на Ивана Кнез, костимите на Сузана Брезовец.