УТРЕ СИТЕ ВО САЛА! Стартува сезоната за МЕГА БАСКЕТ! Првиот противник доаѓа од Скопје

Викендов започнува првенството во Втората кошаркарска лига, а прилепската екипа Мега Баскет во првото коло го пречекува КК ФМП од Скопје.

Натпреварот се игра утре (недела) со почеток од 19часот во старата локација, спортската сала на ООУ “Добре Јованоски”.

Да ги поддржиме младите дечки на Мега Баскет во овој прв и во секој нареден натпревар! Прилеп заслужува добар кошаркарски тим!

Напред МЕГА БАСКЕТ!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.