Утре (сабота), 21.05.2016, со почеток од 19:00 часот, во спортската сала во СОУ “Ристе Ристески” – Ричко во Прилеп, гостува екипата на РК Макс Струмица.
РК Прилеп моментално се наоѓа на 4-то место на табелата во плеј оф разигрувањето со 6 освоени бодови, а Струмица е на 3-то место со 12.
Сепак прилепчани се докажани како доста незгоден и силен противник, особено кога играат на домашен терен и кога имаат силна поддршка од трибините.
Ракометната федерација на Македонија за овој натпревар го делегираше елитното судиско дуо Начевски и Николов.