Тексомак заедно во соработка со Општина Прилеп, ЈКП Комуналец – Прилеп и SALAR International организираа есенска акција за подигнување на свеста за текстилниот отпад и почиста животна средина.
Утре 05.10.2024, на Камената бина во центарот на Прилеп, со почеток од 11 часот, можете да ја донесете вашата стара облека, перници, постелнини, јоргани, текстил на метража, крпи…
Настанот ќе биде збогатен со музичка програма, креативна работилница за текстилен отпад, изложба на креации од текстилен отпад и нивна продажба, а собраните средства ќе бидат донирани за потребите на посебните паралелки во ООУ “Климент Охридски” Прилеп.