Утре, четврток (19.03.), со почеток од 12 часот, на платот под Градскиот Саат, службата за детска и превентивна стоматологија од ЈЗУ “Општа болница со проширена дејност”-Прилеп организира хепенинг за промоција на оралното здравје, под мотото”ЧЕТКАЈ-БЛЕСКАЈ”.
Настанот е дел од одбележувањето на светскиот ден на оралното здравје. Истиот е масовно поддржан со учество на учениците од основните училишта, дечињата од градинките “Наша иднина” и приватните едукативни центри од градот.
Хепенингот има волонтерско-донаторски карактер благодарение на вработените во превентивните стоматолошки тимови, директорите, наставниците, децата, донаторите и општина Прилеп.
-Голема благодарност кон сите нив. ВЕ покануваме да се дружиме, забавуваме, да учиме и да уживаме.
Дојдете, научете се за вашето орално здравје и насмевнете се со нас – велат организаторите.


























