Мото клубот “Sons of thunder MC Macedonia – Prilep” во соработка со Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата и Министерството за внатрешни работи, утре 08.07.2016 со почеток од 12:00 часот, организира заеднички проект насловен како “Безбедноста на моторциклистите во сообраќајот”.
Настанот опфаќа:
- Презентација на целокупната опрема која треба да ја поседува секој кој управува со мотор, скутер…
- Симулативна показна вежба од страна на Црвен крст и Итната медицинска помош на сообраќајна незгода на моторциклист
- Дефиле на моторциклисти со полна опрема
Од клубот ги канат сите мото клубови, моторџии, да земат активно учевство во овој настан, со напомена задолжително да носат заштитна опрема.