Утре (среда) 26 Април 2017 од 10.00 до 16:00 часот на плоштадот во ПРИЛЕП ќе биде отворена книга за собирање на потписи за законските измени и подзаконските акти, како и правилници кои се однесуваат на лицата со попреченост и нивните семејства.
Родителите на овие деца ги собраа потребните 10.000 потписи за оваа нивна иницијатива да влезе во собраниска процедура, но велат дека петицијата останува отворена до петок, со цел да се соберат и повеќе од потребните потписи.
Дадете подршка за подобра иднина и достоинствен живот.
Само заедно сме гласни и силни!