За потребите на специјалната полиција, која утре ќе го обезбедува ручекот по потпишувањето на Договорот меѓу премиерите на Република Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, ќе бидат ангажирани и полициските бродови од Езерската полиција и од Капетанијата од Охрид.
На фотографиите што ги поседува Република се гледа дека транспортот на пловилата е веќе започнат, а го обезбедува полициски конвој.
Во знак на протест против потпишувањето на договорот од страна на премиерите на Грција и на Македонија Комитетот за заштита на грчкиот карактер на Македонија , ги повика Грците од Северна Македонија да излезат на голем протестен митинг во Преспа на 17 јуни (недела) во 11 часот. Во соопштението, Владата на Ципрас е обвинета „дека се обидува да стави национален потпис на една кривична концесија на историјата, јазикот културата и единственоста на името Македонија, преку договор со Скопје“.
Од нашата страна, пак, ВМРО-ДПМНЕ организира голем сенароден протестен марш во Битола. Претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, ги повика сите граѓани во Република Македонија кои што имаат идентичен став како ВМРО-ДПМНЕ кои што сакаат да застанат на патот на овие погрешни политики кои што владата на СДСМ ги прави во Република Македонија, кои што сакаат да застанат на патот на ова капитулантско дело да се спроведе во пракса, а истовремено да ги осудат сите погрешни политики на СДСМ да и се придружат на протестниот марш кој што ќе се држиме во Битола во недела со почеток во 13 часот.
Експертската јавност, интелектуалците и народот го оценуваат договорот како велепредавнички. Правните експерти веќе ја карактеризираат владата на заев како квислиншка, што во основата, со потпишувањето на овој договор и де факто ќе стане.
Силниот отпор кон потпишувањето на велепревадничкиот договор меѓу Македонија и Грција е само потврда дека за многу брзо ќе дојде денот кога сите учесници во велепредавството ќе одговараат пред народот и државата.
Политичкиот аналитичар Александар Пандов упати порака до премиерот Зоран Заев по масовниот протест во организација на ВМРО-ДПМНЕ.
-Друже Заев морам да ти напишам неколку реда. Тоа што ти многу добро го разбираш, доматите и пиперките, јас да бидам искрен сега правам почетни чекори и фала богу добро ми оди, но еве ти рака дека ти си експерт за градинарство. Од друга страна друже Заев јас нешто што многу добро го разбирам се: протестите, собирите, митинзите, па муабетов ми беше за синоќешниот протест на ВМРО пред Владата на Република Македонија. Што да ти кажам, лошо друже. Едно што противникот ти се погоди многу спремен и мотивиран, него на ова црнило, страв и терор во кој ја бутна Македонија, да ти излезе онолку народ значи само едно, дека на наредните избори друже, во март или април до година, ќе го јадеш за сите пари што ги имаш цицнато.
Професорот по право од Штипскиот универзитет Димитар Апасиев анализира пред кои правни пречки ќе биде исправен капитулантскиот договор што го потпишаа Заев и Ципрас, а со кој на Република Македонија ѝ се нанесува понижувачки тежок пораз.
Според Апасиев, претседателот, кој според Уставот е единствен кој може да склучува меѓународни договори, нема да го потпише, како што најави, Уставниот суд ќе го поништи, народот нема да го одобри и на крајот – иронично, но во наша полза ќе одиграат грчките националисти – Грчкиот парламент нема да го ратификува.Квислиншката шема на Заев и Димитров да ги стават граѓаните пред „свршен чин“ – ќе наиде на четири несоборливи ПРАВНИ ПРЕЧКИ кои ќе оневозможат капитулантскиот „Договор“ било кога да влезе во сила:
1. Претседателот на Републиката (кој нема да го потпише); 2. Уставниот суд на РМ (кој ќе го поништи); 3. Народниот референдум (кој нема да успее); 4. Грчкиот парламент (кој нема да го ратификува).
===============================================
ИСХОД: На следни избори СДС(М) ќе биде збришана како ПАСОК во Грција + на „двоецов“ ќе им остане само кривичната одговорност за непријателска дејност против државата, која застарува за 20 години.
извор: Република