Успешно започна акцијата – Денови на солидарност за најмладите

_mg_9241

Граѓаните, претставници од НВО, од институциите и сите кои сакаа да донираат, утринава  успешно ја започнаа акцијата Денови на солидарност за најмладите која ќе трае два дена, а се одвива во Тинекс, Футура, Викторија Tобако, Бонита, Жито-маркетите, на градскиот плоштад како и во сите поголеми маркети низ градот.

_mg_9215

Акцијата ја посети и градоначалникот Марјан Ристески кој исто така донираше паќетче, а пред камерите уште еднаш ги повика сите граѓани да земаат активо учество во хуманитарната акција и да донираат паќетчиња за најмладите.

_mg_9203

За прв пат оваа година во пресрет на празниците општина Прилеп во соработка со Црвениот крст на град Прилеп го организираат хуманитарниот настан наречен „Денови на солидарност за најмладите“ каде денеска 23 и 24 (сабота) во период од 10 до 18.00 часот сите добронамерници ќе може да донираат паќетчиња за најмалите на пунктовите на веќеспоменатите марќети.

_mg_9193

Градоначалникот Марјан Ристески уште еднаш посочи дека општина Прилеп е една од најхуманите општини не само преку оваа новоорганизирана акција, туку и преку низа други настани како што се Светиниколскиот турнир кој исто така има хуманитарен карактер, а веднаш по Нова година се организира и традиционалниот Божиќен ручек наменет за децата без родители, децата со посебни потреби, децата на загинатите бранители…

_mg_9184

_mg_9216

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.