Храмот „Св. преп. мчца. Параскева (Петка) Римјанка во нас. Точила, во Прилеп достоинствено ги пречека сите верници кои дојдоа да ја целиваат плаштаницата на Пресвета Богородица.
Големата колона верници смирено чекаа во ред за да ја целиваат цветно аранжираната Богородична плаштаница, поставена во средината на храмот.
Голем број верници се причестуваа со Светите Дарови, а Светата Литургија помина во громогласна тишина која беше нарушена само од детски гласови и прекрасното пеење од певницата.
Со тоа прилепчани, како и секогаш, ја демонстрираа силната вера и вистинскиот православен дух поклонувајќи се и просејќи благослов од Мајката Божја.