Општинa Прилеп денеска го реализираше проектот на УСАИД за општински стратегии за климатски промени, спроведуван од Милиеуконтакт Македонија за подигнување на јавната свест за климатските промени.
Кампањата се реализира во рамки на пет викенди во десетте општини каде овој проект се спроведува: Студеничани, Пехчево, Делчево, Виница, Богданци, Кривогаштани, Прилеп, Боговиње, Маврово Ростуша и Теарце.
Преку елементи на едукација и забава, оваа кампања се очекува да ја подигне свеста на младите за глобалните климатски промени и начините за справување со нивните негативни ефекти на локално ниво.