Подвизите на познатиот балкански исцелител Иван од Куманово се предмет на шега на оние што немаат мака и сламка за спас на оне кои немаат избор. И едните и другите му пишуваат, а тој им помага колку може и како што умее.
Синоќа тој објави доказ за својата моќ, а тоа е порака што ја добил да се помоли за успех на младинската репрезентација.
Во пораката се спомнати и сениорите, па ако и тие не однесат на некое големо натпреварување, ќе веруваме дека молитвите на Иван се исцелителни. Дотогаш, да се насмееме.