На три недели пред Новата 2017 година, гимназијата „Мирче Ацев“ го промовира својот училишен календар.
Издавањето на календар е традиција на гимназијата, а на страниците на календарот се промовираат успешни и креативни ученици.
Оваа година гимназијата го претстави својот невообичаен, уникатен календар, на кој низ 13 страници се прикажани фотографии од гимназиските настани и од активностите на учениците.
Низ календарот опфатени се само неколку од настаните кои традиционално се случуваат секоја година и тоа: одбележувањето на патрониот празник на училиштето, Прочка, Француската вечер, Trash Fashion, ГИМФЕСТ, приемот на наградените ученици и нивните ментори кај Градоначалникот, повеќедневната екскурзија низ Европа, доделувањето на дипломите на матурантите, почетокот на новата учебна година, спортските активности на новото тениско игралиште, Ораторската вечер и спортските успеси на учениците.
Фотографиите се од оваа учебна година и од неколку години наназад и се дело на учениците Бојан Илиески, Христијан Јанкоски, Горан Попоски и Ѓорѓи Десподов, а една фотографија е „селфи“ дело на машката ракометна екипа од Гимназијата.