Универзитетот во Крагуевац неодамна поништи 22 дипломи кои ги издал Факултетот за медицински науки, а уште толку диполми се проверуваат, изјави за “Радио слободна Европа” Ненад Филиповиќ, ректор на Универзитетот во Крагуевац.
Според она што во март го кажа Филиповиќ, поништена била и една диплома на доктор на науки, а се проверуваат уште 15 докторски дисертации на доктори на науки од Косово и Македонија, за кои од универзитетот се сомневаат дека се стекнати на нелегален начин.
Информацијата на социјалните мрежи кај нас ја сподели Д-р Дејан Трајковски, редовен професор на Техничкиот факултет при Универзитетот “Св. Климент Охридски” од Битола.
Кога ќе започнат кај нас со поништување на дипломи?
“Нека ме побараат, веднаш ќе им дадам список со стотина имиња од последниве 10 години (само од машинскиот отсек) чии дипломи треба веднаш да се поништат, бидејќи се стекнати со измама организирана од самиот факултет преку лажирани комисиски полагања, откако кандидатите три пати поднеле празни испитни тетратки на регуларни испити.
Сите тие денеска имаат дипломи за дипломирани машински инженери, повеќето и за магистри, некои дури и за доктори на науки, а не знаат, на пример, што е тоа имагинарна единица.
Кучињата лаат, карванот врви…”, напиша Тајковски на ФБ.