Градоначалникот Марјан Ристески денеска ги посети ликовните творци кои под мотото „Уметниците по повод 8-ми Март“ ја реализираа манифестацијата Брзо сликање. Билјана Бинчев, Маја Најдоска, Бојана А. Трпческа, Верче Николоска, Наде Тоскоска, Емилија Ѓорѓиоска, Анита Сотироска, Александра Богоеска беа учесничките на Брзото сликање кои посочија дека:
„Задоволни сме што имаме можност на креативен начин да го одбележиме денот на жената„.
ЦК „Марко Цепенков“ по седми пат ја реализираше оваа креативна манифестација, преку која на поинаков начин, преку творештво и дружба се одбележува меѓународниот ден на жената.