На 25.03.2023 година во Битола се одржа втората обука во рамките на проектот FAST FORWARD на тема “Генерирање на бизнис идеи” на која 15-тина млади од руралните општини: Новаци, Могила, Кривогаштани, Долнени, Ресен, Кривогаштани, Демир Хисар и Крушево се стекнаа со нови знаења за генерирање, анализа и селекција на претприемнички идеи кои имаат потенцијал да се развијат во бизнис план а потоа и во одржлив бизнис.
За време на обуката, младите претприемачи идентификуваа бизнис идеи кои ќе решаваат конкретни проблеми и се стекнаа со вештини за споделување и соочување на своите бизнис идеи со поширока публика. Како дел од проект кој е поддржан од Амбасадата на САД во Северна Македонија а имплементиран од Здружението на граѓани за унапредување на развојните процеси – Про Локал Битола, за време на настанот, идните претприемачи од регионот стекнаа нови знаења на теми поврзани со развојот на претприемништвото како што се: микро-анализа на бизнис идеја, пичинг на бизнис идеја и се запознаа и со основните критериуми за анализа и селекција на бизнис идеја.
Со цел дополнителна мотивација на учесниците, за време на обуката своја презентација одржаа и оснивачите на стартапот “УЛАФ СТЕ” од Битола кои и покрај тоа што се лица со пречки во слухот и говорот, успешно го водат својот бизнис и тоа во време на здравствени рестрикции, инфлација и општ пад на економијата.