Уживaњe: Пpвата пecна на Зapина од албyмот “Билбил пee во плaнинa” – Cлyшнете ја “Мopи моме солyненке” (Видео)

Излезе првата песна од албумот „Билбил пее во планина“ на Евгенија Здравевска, или како што сите ја знаат Зарина Првасевда.

Песната “Мори моме солунeнке” е многу стара љубовна песна од историскиот јужен дел на Македонија, кој сега се наоѓа во Грција. Во овој регион сеуште постои жива традиција, фолклор, култура и луѓе кои го зборуваат Македонскиот јазик – пишува во описот на видеото на јутјуб.

Аранжманот на песната е дело на Александар Петров. На традиционални инструменти (уд, тамбура, бузуки и саз) Дарко Фурнаџиски.

Пијано: Васил Хаџиманов/ Кларинет: Благојче Трајковски и Исмаил Лумановски/ Бас: Оливер Јосифовски/

Зарина како и секогаш кога пее на одличен начин и со прекрасна емоција ја пренесе песната. Уживајте во продолжение:

“Се надевам дека ова мало парче музика откинато од моето срце и извајано со многу љубов заедно овие прекрасни музичари и целиот тим кој работеше на него , ќе ви го затопли срцето барем следните неколку минути…
Дефинитивно, овој датум останува силно запечатен во дневникот на моето земско патување, како еден нов животен почеток.Благодарам на сите кои ме бодрите и инспирирате! Уживајте и наздравје”
, напиша Здравевска на Фејсбук.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.