Членови на планинарското друштво “ЕРА” од Ужице се најдоа очи в очи со змија долга преку два метри.
Самата фотографија говори колку страшен бил погледот на кои наишле планинарите.
Слободан Стефанивиќ, началник на акцијата и водич на групата рекол:
“Ja сретнавме во село Асаново над долината Студеница кај Девичи. Змијата беше во непосредна близина на една напуштена куќа. Како што во нашите села се зголеми бројот на вакви куќи, така се зголеми и бројот на вакви примероци во нивна близина. Можеби е преголема, но тоа е само смок кој не е отровен”, вели тој за локалниот портал од Ужице.