Едно лице е убиено, а две се потешко ранети во пукотници кои вечерва се случиле во центарот на Белград.
Според информациите на српски „Курир“, убиен е Александар Станковиќ, познат како Сале Мутави, еден од водачите на навивачите на Партизан и еден од трите лица коиго нападнале директорот на клубот Милош Вазура.
Станковиќ за десетина дена требало да се ожени, пишува весникот.
Во моментот бројни полициски сили вршат увид на местото, а повредените се пренесени во Ургентен центар.