Убавина за очи и душа! Илинденската коњаница тргна од Горно Лисиче за Крушево (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Од Горно Лисиче вечерва тргна традиционалниот коњички марш „Илинденски марш 2019“ што треба да заврши на 2 август во Крушево, каде што треба да се приклучат на прославата на најголемиот македонски национален празник – Илинден.

Во црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче вечерва се одржа свечена литургија, по што коњаниците беа испратени за Крушево.

Маршот оваа година се организира по 41 пат, а организиран е од Здружението на граѓани од Горно Лисиче „Илинденски марш 1978“.

Помеѓу коњаниците оваа година се и трите девојки: Драгана Каловска, Елена Мишева и Марија Стамболиска.

Од црквата коњаницата ја испрати и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој на литургијата беше заедно со пратеникот Јохан Тарчуловски и портпаролите на партијата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.